Роднина на Шабан ги откри сите семејни тајни: Гоца управувала со сите финансии во домот
Бртучедот на српскиот пејач Шабан Шаулиќ кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, открил дека пејачот бил вистински боем и дека не штедел пари за да оди во кафеана.
-Беше великодушен, да ја немаше Гоца, прашање е дали ќе заштедеше пари. Само благодарејќи на неа, тој се стекна со голем имот, кој го остави на своите најмили. Беше голем боем и пријател. Никогаш никому не му дозволи да плати сметка во кафеана, без оглед со кој седеше. Претходно, кога одевме во кафеана, тој знаеше од врата на музичарите да им даде пари и да им каже да го пеат она што најдобро го знаат и умеат. Подоцна, кога сите гости ќе заминат, ќе земеше микрофон и ќе пееше за наша душа - октирл Хаса Дудиќ, син на вујкото на Шабан.
Тој открил дека секогаш Гоца управувала со парите во домот.
-Она отсекогаш знаела како со парите и држела се под контрола. Пред се, поради нивните три деца, за да може да ги изведат на вистински пат. Кога тој најмногу работеше и заработуваше, па постојано не беше дома, Гоца седеше со децата, затоа што не сакаше да им недостига љубов - рекол Хасан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа