Фудбалер почина од срцев удар - проклетство во клубот, три играчи пред него трагично завршиле

 

Голманот на Широк Бријег, Кресимир Бандиќ почина пред два дена од срцев удар и нов бран тага ја погоди Западна Херцеговина и нејзините жители. Но, ова не е прв смртен случај, во овој фудбалски клуб претходно починале уште три играчи.

Кампот Широк Бријег е изграден во 2010 година, а името го добил во чест на младите играчки кои животот го дале за овој клуб.

Јосип Муса бил кадет во овој клуб, весело момче кое секому сакало да помогне. Муса починал при тренинг на 15-годишна возраст. Јуниорот на клубот Иван Карачиќ во 2007 година починал исто така на терен од срцев удар. Младиот фудбалер одеднаш се срушил на земја, а болничарите се обидувале да го реанимираат, но било залудно. Каричиќ бил физички најподготвен од целата екипа и сите му завидувале на одличните резултати на тестирањата. Но, уште еден млад живот згасна. Не беше тоа крајот.

Јуниорот на клубот Стојан Гагро починал во сообраќајна несреќа во 2010 година само неколку месеци пшред отворање на кампот Муса-Карачиќ. Момчето било на матура, на последен ден од училиште. Одеднаш автомобилот со кој тој управувал удрил во брдо и се превртел, а момчето починало на лице место, додека совозачот поминал со полесни повреди.

Ниту на Крешимир Бандиќ му немало спас, кога починал од срцев удар во домот на својот пријател. Пријателите веднаш реагирале, го однеле во Мостар, бил реанимира, но за жал немало спас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега