Овие скали се направени од светец: Во американската капела стојат веќе 130 години и им пркосат на законите на физиката

 

Овие чудотворни скали се стари 130 години, а годишно привлекуваат и до 250 илјади посетители.

Капелата Лорето е изградена кон крајот на 19-тиот век. Кога истата била довршена, чесните сестри забележале дека им недостасуваат скали за галеријата. 

Тие 9 дена му се молеле на Свети Јосиф кој бил столар, а последниот ден на нивната врата тропнал странец кој им кажал дека е столар и дека тој ќе им ги направи скалите. Потполно сам, без никаква човечка помош, овој мистериозен човек направил скали кои стојат сами, без централен и потпорен столб, а столарот не употребил ни една шајка ниту лепак.

Капелата Лорето крие три мистерии – до денес не се знае кој ги изградил овие скали. Сите инженери, научници и архитекти признале дека станува збор за чудо бидејќи не можат да сфатат како е можно скалите да стојат сами без никаква поддршка.

Исто така, не се знае од каде потекнува дрвото од кое се направени бидејќи по испитувањата било утврдено дека такво дрво не постои никаде во близина. Третата мистерија се однесува на бројот на скалите – тие имаат точно 33 скали, односно бројот на годините на Исус!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега