Двајца Македонци тешко повредени во сообраќајка во Албанија

 


Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.

Според албанската полиција, несреќата се случила на делницата Маќелари - Булќиза, кај месноста „Мостот Череница“, кога мотоциклот со скопски регистарски таблички, при непрописно претекнување изгубил контрола и се удрил во заштитниот ѕид.

Тие прво биле однесени во болницата во Булќиза каде што им била укажана прва помош, а потоа биле пренесени во Клиниката за трауматологија во Тирана за поспецијализиран третман.

15.06.2025 - 10:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега