Оглас од соништата: Швеѓани даваат плата од 2000 евра, а да не работите ништо

 

Ако ви се допаѓа идејата да земете плата, а да не работитет ништо, треба да го погледнете овој оглас на Шветска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Влада има за цел еднед среќен кандидат да вработи во Гетеборг, а се што треба да направи вработениоѕ е да се појави на железничката станица во одредено време и да ги запали свтелата.

После тоа може да оди каде сака и да прави што сака, но на крајот од смената да се појави повторно на железничката и да го угаси осветлувањето.

Она што е најневеројатно во целата идеја е дека на позицијата се гарантира и пензија и плата од 2000 евра, годишно зголемување, годишни одмори и исплати на пензиски фонд. Додека работникот не најде друга работа, неговата позиција е загарантирана до крајот на својот живот.

Се започна пред две години кога беше најавен конкурс за уметници, кој мораше да го дизајнира изгледот на железничката станица во Гетеборг за награда од 670.000 евра. Уметниците Симон Голдин и Јакоб Сенеби ја добија идејата да ги преусмерат парите од наградата на работното место на човек кој "не прави ништо".

Тие дури основаа фондација за да избегнат данок од наградата, а потоа да инвестираат во акции. Тие процениле дека еден вработен ќе може да го плаќаат "засекогаш", односно, дека за таа позиција ќе имаат пари за следните 120 години.

Сепак, оваа одлука не наиде на воодушевување, бидејќи некои политичари ги обвинија уметниците трошат пари за даночните обврзници. Другите ги обвинуваат дека идејата е неуставна.

Научниците за чудо се сложија со нив.

"Целиот концепт кој некој се појавува секој ден на работа за да се осветли и да ги исклучи светлата е глупав и непродуктивен, но тоа е суштината на оваа идеја", велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега