Оваа храна често ја јадеме, а создава камен во бубрези - што треба да избегнувате

 

Нефролитијазата е заболување кое се карактеризира со присуство и создавање на конкреција (песок, камчиња или камења) во бубрезите. Камењата во бубрегот се формираат од одредени супстанции (калциум, оксалати, фосфати), кои во урината се застапени со повисоки концентрации од дозволените. Повеќе фактори се поврзуваат со појава на нефролитијазата, како лоша исхрана, прекумерна телесна тежина, генетска предиспозиција, намален внос на течности итн.

Нефролитијазата е заболување кое се карактеризира со присуство и создавање на конкреција (песок, камчиња или камења) во бубрезите. Камењата во бубрегот се формираат од одредени супстанции (калциум, оксалати, фосфати), кои во урината се застапени со повисоки концентрации од дозволените. Повеќе фактори се поврзуваат со појава на нефролитијазата, како лоша исхрана, прекумерна телесна тежина, генетска предиспозиција, намален внос на течности итн.

  • Редукција на натриум. За да имате контрола врз количеството на натриум кое секојдневно го внесувате, потребно е пред консумација на одреден производ, да се информирате за неговите нутритивни вредности. Избегнувајте консумирање на производи кои содржат високо ниво на натриум како хот дог, брза храна, конзервирана храна, преработена замрзната храна, месни производи како салама, чајна, сланина и др. 
    Исто така, внимавајте на супстанции кои може да содржат „скриен натриум“ како натриум бикарбонат, натриум алгинат, натриум нитрат или нитрит, мононатриум глутамат и др.
  • Редукција на животински протеини. Се смета дека протеините од животинско потекло го зголемуваат ризикот за создавање на калциумови камења, бидејќи влијаат на екскрецијата на калциумот и на цитратите (инхибитори на калциум оксалатниот систем, односно спречуваат создавање на калциумови камења) во урината.
  • Избегнување на храна богата со оксалати. Дел од оксалатите кои се екскретираат во урината се создаваат во телото, но постојат одредени производи кои имаат високи концентрации на оксалати, а со нивно консумирање се зголемува нивото на оксалати во урината. Тука спаѓаат: спанаќ, црн чај, кока-кола, чоколадо, јаткасти плодови, кафе и др.
  • Примање на соодветна количина на калциум. Калциумот којшто се внесува во организмот преку исхраната во нормални количини се смета дека не го зголемува ризикот за создавање на калциум оксалатни камења. Внимание! Доколку земате калциум суплементи треба да бидете внимателни, бидејќи може да го зголемите ризикот за формирање на калциум оксалатни камења, особено доколку суплементите не ги земате за време на оброк.
  • Јајцата, месото, рибата, а особено животинските изнутрици (бубрези, црн дроб, мозок), содржат пурини кои во организмот се разложуваат и како производ се добива урична киселина, која се екскретира преку урината. Зголемената концентрација на урична киселина е услов за формирање на истоимениот тип на бубрежни камења. Кај овие пациенти се советува избегнување на месни производи и внес на протеини од храна како млечни производи, соја, леќа, тофу. Доколку се консумира месо, не треба биде во поголемо количество од 170 грама на ден.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега