Пејачот на Гранд месец дена во болница: "Требаше да одиме во Македонија и се случија две несреќи"

 

Пејачот Амар Гиле Јашарспахиќ морал да лежи во болница месец дена бидејќи му пукнал чир, а за да биде полошо, штом излегол ја повредил ногата, пишува српски Скандал.

 -Пред месец дена требаше да тргнеме на настап во Македонија со Гиле. Меѓутоа, штом се подготви за пат, страшнио го здоболе стомакот. Брзо замина на лекар и откриен му е чир на желудникот. Не сум сигурен дали пукнал, но имаше страшни болки. Месец дена не работевме ништо, сите свирки беа откажани, изјавува еден од музичарите за споменатиот неделник.

-И таман закрепна, отиде на тенис малку да се рекреира и ја повреди ногата. Ма, малер невиден, заклучува изворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега