Ова се сите деца на Трамп- погледнете како изгледаат и со што се занимаваат (фото/видео)

 

За Иванка, Барон и Тифани знаат речиси сите. Но Доналд има уште деца, а еве и со што се занимаваат сите тие.

Доналд Трамп Џуниор, 39 години

Доналд Џуниор е најстариот син на претседателот на САД. Го добил во бракот со Ивана Трамп, а Доналд Џуниор моментално работи како главен директор во компанијата “The Trump Organization”.

Доналд Џуниор има огромна страст кон ловот. Често има изјавувано и дека токму ловот најмногу му помогнал додека растел, како не би се вплеткувал во “неволји”. После факултетот тој им се оддал на забавите и распуштениот живот, па година дена минал во Аспен, кадешто времето го поминувал само во забави со многу алкохол. А тоа, се испоставило, дека било одлична одлука, бидејќи после тоа се воозбилил и им се посветил на важните нешта во животот.

Тој од 2005-та година е во брак со поранешната манекенка Ванеса Хејдон со којашто има пет деца. Хејдон ѝ е инаку на јавноста најпозната поради својата врска со Леонардо ди Каприо.

Иванка Трамп, 35 години

Позната и како најсаканата ќерка на Доналд, Иванка е исто така родена во неговиот брак со Ивана.

Се занимавала со манекенство и мода, напишала и книга, а сега е успешна деловна жена и десна рака на својот татко. Многумина ја нарекуваат и вистинската прва дама на САД, а јавноста беше скандализирана кога Доналд своевремено изјави дека таа “му била девојка, а не ќерка”. Своевремено таа се занимаваше и со дизајнирање на чевли, кога доби и тужба од една италијанска модна куќа, бидејќи во потполност го ископирала нивниот дизајн. 

Од 2009-та година таа е во брак со Џаред Кушнер со којшто има и 3 деца.

Ерик Трамп, 33 години

Ерик е исто така роден во бракот на Доналд со Ивана. Тој е во брак со Лара Јунаска, продуцентка на телевизијата CBS. И исто како и Доналд Џуниор, и тој ужива во ловот и често му се придружува на својот брат во ловечките авантури. Тој е основач на фондацијата “Eric Trump”.

Тифани Трамп, 23 години

Неа Трамп ја доби во бракот со Марла Мејплс. Оваа студентка по социологија е исклучително активна на друштвената мрежа Instagram, а знае да споделува и прилично разголени и провокативни фотографии.

Таа се дружи со богатите деца од Менхетн и остава впечаток дека моментално не планира никакви важни делови чекори, туку на ум засега ѝ се единствено само забавите и друштвото.

Барон Трамп, 10 години

Најмладиот од сите деца на Доналд, Барон, има само 10 години и тој е роден во бракот на Доналд со Меланија. А семејството Трамп вели дека, и покрај тоа што имаат домашна послуга и што се толку многу богати, тие водат голема грижа за тоа како го одгледуваат и растат Барон и притоа воопшто не му дозволуваат да се однесува размазено. А забележително е дека, исто како и неговиот татко, и тој сака да носи елегантни костуми, што е невообичаено како за дете на негова возраст. Притоа, тој и самиот вели дека кога ќе порасне би сакал да се занимава со политика или бизнис. Едно е сосема сигурно – го очекува огромно наследство!

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега