ФОТО: Пејачката за првпат во јавност по погребот на мајка ѝ - цела во црно, бледа и тажна
Јелена Карлеуша многу тешко ја поднесува смртта на својата мајка Дивна Карлеуша, која почина после тешката и долга борба со страшната болест. Пејачката целосно се повлече во себе после смртта, а излегува единствено кога оди да го посети гробот на својата мајка.
Со неа цело време е нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, кој не отишол во Кина, и нејзината тетка Данијела.
Јелена и Душко овој пат се фотографирано во посета на новиот дом, каде парот планира да се пресели. Пејачката изгледала бледо, скршено и тажно.
Вилата која ја купија сега ја реновираат, а планираат наскоро да се преселат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа