ВИДЕО: Се сеќавате на анорексичната актерка која имаше само 19 килограми - денес изгледа сосема поинаку
За потресната приказна на Рејчел Фарох и нејзината децениска борба слушнаа сите.
Во својот најлош период имала само 19 килограми иако била висока 170 сантиметри. Не можела да стане, да јаде, ниту на кој било начин да се грижи за себе, а нејзиниот сакан сопруг бил принуден да даде отказ за да ја негува.
Рејчел стигнала до последниот стадиум и многу доктори во болниците ширум светот кренале раце од нејзиниот случај и рекле дека се многу мали шансите да преживее.
Сепак, нејзината волја за живот не згаснала.
Прво била лекувана дома, бидејќи била во критична здравствена состојба. Добивала посебни препарати и витамини во инфузии и имала психотерапија. После тоа состојбата благо ѝ се поправила, колку да може да преживее подолг пат, па била примена во болнички центар во Португалија.
Состојбата полека почнала да се поправа, иако уште не можела да стои на нозе, ниту да шета.
После три месеци минати во Португалија, нејзината психо-физичка состојба драстично се поправила и почнала самостојно да јаде, а пред неколку дена отпатувала и во Вашингтон каде била почесен гостин на Конгресот за пореметување во исхраната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа