Гори Вардариште: 20 пожарникари и 7 возила се борат со огнот, исклучена струјата во Аеродром

 


Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) дека денеска од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Во моментов во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.

12.06.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега