Раните на Сузана уште и крварат: "Тој сончев ден почина човекот кој најмногу го сакав"
Сузана Турунџиева неодамна стана баба кога нејзината неодамна омажена ќерка Лора се породи, а радоста во домот на водителката и пејачка е неизмерна.
И покрај големата радост, деновиве Турунџиева се потсети на нејзиниот татко кој почина пред 25 години, па сподели емотивна порака на Фејсбук.
- На денешен ден пред 25 години, во едно сончево мартовско утро (наспроти сите наши молитви) засекогаш не напушти човекот кој многу го сакаше животот, природата, ги сакаше животните, луѓето, особено децата… Мојот татко Васко… После него зборот ТАТКО не беше веќе општа именка… За жал, во моето племе таа именка (со текот на настаните) прејде во апстрактни именки… И тоа траеше, и траеше… Иронијата на сето ова мораа да ја доживеат прво моите внуци, а подоцна и моите деца… И да замислуваат како треба да изгледа некој кој е татко“ напиша Турунџиева и додаде дека нејзината ќерка Лора треба да е среќна што го има Филип за сопруг, а нивниот син Јаков што има таков татко. Му благодарам на животот што ни го даде Филип, кој не потсети што значи да се биде ТАТКО… Лора ќерко, ти си допрена од Бога што Јаков има татко како Филип… Ви благодарам за љубовта што ја имате, и што го вративте во употреба најдефицитарниот збор во нашиот семеен речник“ напиша Сузана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа