ФОТО: Ќерката на Канго со емотивна порака една година по смртта на својот татко
Ивана Иванова, ќерката на музичарот Симеон Иванов Канго, на својот Фејсбук-профил објави емотивен статус. Канго почина на 26. март минатата година по тешко боледување. Тој беше дел од македонската музичка сцена 35 години, а 20 години имаше свое музичко училиште за рокенрол.
„33 години неверојатно искуство со тебе тато, ти благодарам за се што ми даде, толку љубов за мене и за оваа земја. Твоите 66 години оставија трага за навек. Една година по твоето вечно почивалиште. Беше голем на земјата, уште си поголем на небото. Вечна ти слава, те сакам и носам секогаш во срцето“, напиша Ивана на „Фејсбук“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа