Трагедија го потресе светот: Бебе пропаднало во кофа со жешка вода
11 месечно бебе почина откако пропадна во кофа со жешка вода.Мајката вели дека веднаш го извадила од водата , но кожата од целото тело му отпаднала.
Момченце на 11 месеци , малиот Даниел Черненко не ги преживеал тешките изгореници на 80 проценти од телото. По 11 дена борба , докторите не успеаја да го спасат.
До трагедијата дошло кога неговата мајка, Татјана Черненко му ја подготвувала водата за да го искапе бебето во селото Шелхани , на југот на Украина. Затоа во спалната соба донела канта со жешка вода и ја ставила покрај масата. Сакала да ја измеша со студената вода во кадичката , што била на масата.
За тоа време бебето си играло на масата , но кога мајката се свртела , тој паднал директно во кантата со жешка вода.
,,Веднаш го извадив. Го гушнав и го замотав во крпа , но кога ја одмотав , видов како му се лупи целата кожа.” ; изјави мајката низ солзи за локалните медиуми.
Бебето било однесено веднаш во болницата во Одеса во критична состојба . Имало кожа само на челото и на прстите, велат докторите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа