Овие билки раздвојте ги во бавчата - не садете ги заедно, нема да имате воопшто род
Овие билки не се сложуваат добро кога се посадени едни покрај други, па поради тоа подобро е да бидат засадени на поголема оддалеченост.
Кромид и грашок - сите видови на кромид оневозможуваат раст на грашок. За грашокот е посебно кобно доколку го посадите покрај лукот. Нему најмногу му одговараат коренести билки, особено репката, но и магдоносот, како и краставицата.
Пиперка и грав - овие култури често стануваат жртви на антракноза - габична болест која предизвикува формирање на црни точки, односно оштетување на површината како и опаѓање на плодот. Тие болести најчесто ги погодуваат тиквите, дињите, лубениците, малините, рибизлите и јагодите. Овие билки исто така не смеат да се садат покрај пиперките, грашокот и гравот.
Зелка и грозје - близината на зелката го загрозува вкусот на грозјето. Зелката сака да се дружи со нането, камилицата, рузмаринот, жалфијата и мајчината душица.
Зелена салата и брокули - зелената салата слабо расте покрај брокулите, но и доколку е засадена на земјиште на кое претходно биле засадени брокули.
Рен и репка - овие две билки треба да се раздвојат. На ренот најмногу му одговараат брокулите, карфиолот, зелената салата, кромидот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа