Обвинителството потврди: Во тек е акција за полициски службеници
Доцна вечерва веста за полициската акција на МВР за апсењето на 13 началници и полицајци поврзани со пожарот во кочански Пулс, ја потврдија и од Обвинителството за организиран криминал и корупција, меѓутоа без да откриваат повеќе детали.
„Како што веќе известија од МВР во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски сслужбеници. Соопштение ќе има во текот на утрешниот ден“, известија од Обвинителството.
За потсетување, попладнево експресно се прошири веста за нови апсења во Кочани, началници, полицајци кои биле на смена.
Вкупно приведени 13 лица. приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа