Ковачки: Заев ја злоупотребуваше моќта на извршната и законодавната власт врз судската власт
Изминатиот период имавме директно мешање на извршната власт во судската власт, на деновиве во интервјуа гледаме дека дури имало и нарачување на обвиненија од страна на тогашниот премиер Зоран Заев и давал насоки како тоа да изгледа, истакна пратеникот Драган Ковачки во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски на Курир.мк.
Ковачки потсети и дека Заев од митинзи објавувал судски пресуди за одредени политички прогони, кои како што рече, ги правела неговата партија.
-Заев ја злоупотребуваше моќта на извршната и законодавната власт врз судската власт. Во тој период, кога тие беа на власт, имавме пресуди кои се базираа на сомнителни докази, некаде пресуди и без докази, но и со подметнати докази и за тоа има факти. Ова е поразително за една држава. Потрагата по правдата мора да биде еден континуиран процес на барање на рамнотежа помеѓу потребите на поединецот и потребите на општеството притоа штитејќи ги човековите права, а сето тоа да биде врз основа на Уставот и законите, истакнува Ковачки.
Во однос на трагедијата во Кочани, пратеникот вели дека сега Обвинителството е оставено да ја води истрагата без притисок од извршната или законодавната власт, односно без мешање на политиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа