Штом слушнал што се случува, веднаш реагирал: Ѓоковиќ влета во борба за српската црква во Франција

Новак Ѓоковиќ се вклучи во акција за помош во православната црква која се наоѓа во Ница и која често ја посетува со своето семејство.
Црквата Успение пресвета Богородица се наоѓа во склоп на зградата чиј сопственик е починат, а неговите наследници сега сакаат да ја продадат.
Тие не се задоволни со моменталната заработувачка која ја имаат од издавањето на просторот и затоа сакаат да ја продадат.

Поради тоа е покренат спор пред судот, како на тој начин би ги иселеле оние кои го изнајмуваат просторот, меѓу кои е и православниот хам, а Ѓоковиќ кога го слупнал тоа веднаш се вклучил во акцијата за чување на црквата на местото на кое била, пренесуваат француските медиуми.

Новак често со семејството доаѓа во овој храм, каде се дружи со српската заедница, а неодамна тоа го направи заедно со синот Стефан, па останале и на предавањата кои биле наменети за деца.
- Стефан и јас ја посетивме црквата во Ница. Тоа е мало место, каде се негува српската заедница и култура. Семејството се собира секоја втора недела кое квалитетно го минуваме своето време. Волонтираат наставници за да си играат со децата, им читаат приказни и им прават шоу како во театар. Стефан и јас учествуваме како црвениот лав и малото јагне. Беше прекрасно да се биде дел меѓу овие деца, напишал Ѓоковиќ.
29.03.2019 - 14:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа