Село на богаташи кое никој не го напушта - ако заминете, губите се

 

Граѓани на милионерска утопија која зафаќа само неколку квадратни километри живеат речиси едни до други, но не смеат да разговараат со медиумите ниту пак да го напуштат селото.

Селото Хуакси во Кина претставува вистинска мистерија, тоа е најбогатото место во Кина и за поголемиот дел од граѓаните на оваа земја тоа е своевиден комунистички рај.

 

Најпознато е по ужасно високиот животен стандард, а тоа место е одделено од остатокот на Кина и за 55 години се претвори од рурална област во вистински мал луксуз.

Сепак, како овие луѓе се збогатуваат и како ги трошат парите не се информации до кои може да се дојде, бидејќи на жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со медиумите, ретко разговараат и помеѓу себе, а дури имаат и забрана да го напуштат селото, бидејќи ако го напуштат селото ќе загубат се што стекнале и ќе останат без ништо.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век Хуакси имаше само околу 600 жители, а ренесансата на селото ја овозможи Ву Ренбао, некогашен секретар на Комунистичката парија, кој разви план за збогатување, основаше повеќе од 12 компании, поттикна работа со сировини, како алуминиум.

Хуакси, селото кое се наоѓа во провинцијата Џиангсу познато е уште и под називот „Прво село под небото“, а денеска има околу 2.000 регистрирани жители кои живеат во идентично изградени вили, а наводно сите имаат по 250.000 долари во банка.

 

Сепак, некои велат дека животот во селото на милионерите и не е така идеален. Имено, тие мораат да работат седум дена во неделата, најчесто во индустрискиот сектор. Покрај тоа, и бројот на жители е сомнителен - покрај 2.000 регистрирани кои се потомци на семејствата кои живееле овде во минатиот век, постојат многу доселеници кои не уживаат во луксузни автомобили, плати и вили. Наводно, бројката на тие луѓе е поголема од 10.000, а кои живеат речиси еден до друг. Регистрираните жители на селото исто така  немаат право да го напуштат, односно ако го сторат тоа ќе го загубат целото богатство и парите нема да можат да ги носат со себе, па прашање е колку всушност поседуваат лично богатство, а колку од тоа му припаѓа на селото. Коцкањето, како и дрогата во ова село се строго забранети, а ноќен живот е нешто што не постои.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега