Станувате рано и пиете кафе - правите голема грешка

 

Кафе не би требало да се пие пред 9 ипол часот, открил невролог од „University of the Health Science“, Стивен Милер.

Ова го објаснил со фактот дека помеѓу 8 и 9 часот наутро нивото на кортизол во крвта е прилично високо.

Кортизол е хормон на стрес кој ја поттикнува работата на телото во фаза на будење и не прави будни. Стивен Милер препорачува утринско кафе најмалку 90 минути после будењето. Притоа, претпоставува дека стануваме околу 8 часот.

 

„Наутро кафето е најделотворно помеѓу 9 и 30 и 11 и 30 часот, кога нивото на кортизол во крвта е ниско“, рекол научникот. Објаснил дека тогаш телото полесно може да го преработи стимулирачкиот кофеин и нагласил уште еден  факт кој го знаат малку луѓе, а тоа е дека оној кој внесува кафе во телото додека природниот хормон кортизол уште делува, може да развие отпорност кон кофеинот.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега