Малдоженецот мртов пијан ја претепа невестата - пејачка откри каков неред настанува по свадби
Хрватската пејачка Маја Шупут заработува милиони по свадби, а парите ги троши на луксузни патувања со момчето Никола.
-Татко ми еднаш ми рече никогаш да не одбивам работа, бидејќи е најскапа онаа сабота кога седам дома - неодамна рекла пејачктата и до тој совет се држи до ден денес.
Нејзиниот татко Борис Шупут бил менаџер кој ја водел половина естрада, а помеѓу другото ѝ помагал и на својата ќерка и ѝ бил ветер во грб на почетокот на кариерата, кога тоа најмногу ѝ значело.
Пејачката важи за најдобар забавувач, па често ја викаат на свадби, каде заработува од 6.000 до 8.000 евра.
Таа раскажала низ што се поминува на тие веселби.
-Еднаш видов како младоженецот ја удри невестата пред да излезат, беше мртов пијан, а еднаш татко и син во 5 часот утрината се скараа и потоа таткото го удри синот по глава, а мајката којка го виде тоа и сакаше да го спречи, се вмеша, па на крајот двајцата ја удрија во маса, па шефот на салата ѝ даваше вештачко дишење. Се и сешто се случувало - рекла пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа