Синот на Илчо Захариев пронајден мртов

 

Ноќеска во викендичка во Делчево бил пронајден мртов А.З, 23-годишниот син на поранешниот градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава Слободен печат од извори во истрагата.

Од СВР Штип сè уште не можат да ја потврдат информацијата, но најавија повеќе детали за подоцна.

Од Јавното обвинителство Делчево го потврдуваат случајот. Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење, а на телото нема траги на насилство.

Телото е предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2019 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега