Хорор во Битола: Внука со повеќе убоди се обидела да ги убие бабата и дедото
По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата "Солунска", каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож.
Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.
Осомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.
11.06.2025 - 18:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа