Фотографија која го воодушеви регионот - на слава на манастир прославен и роденденот на муфтијата
Дека соживот и покрај различностите е можен во Мостар, покажува примерот од манастирот Житомислиќ.
Односните на Српската православна црква и Исламската заедница се посебно унапредени откако на чело на Мостарското муфтијство застанал Салем ефенди Дедовиќ.
Манастирот Житомислиќ ја прославил својата слава - Благовец, а по тој повод бил отворен и новиот музеј во манастирскиот комплекс во кој е претставена манастирска ризница, вратена после 27 години во ова светилиште.
На отворањето на музејот дошле бројни гости за кои бил приреден и свечен ручек.
Кога било време за десерт, игуменот на манастирот му честитал на муфтијата Дедовиќ роденден иу го изненадил со роденденска торта, што покажува и фотографијата од непознат автор кој ја пренел локалниот Топ портал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа