Руските ракети „комарец“, смрт за непријателските бродови: Смртоносно оружје успешно тестирано (ВИДЕО)
Посада од два воени бродови на Црноморската флота, ги тестирале можностите на ракетите 270 Москит.
Во поморските вежби реализиран е успешен ракетен напад на мета одалечена околу 55 километри, се наведува во извештајот на телевизија „Звезда“.
П-270 Москит е суперонична ракета наменета за уништување на непријателски борбени бродови кои се одалечени на 90 километри.
Проектилот лета близу површината за да избегне да биде откриена на радар и се потпира на големата брзина и маневерски способности.
Корвета Ивановец носи четири такви ракети од кои секоја од нив има по 150 килограм експлозив во воената глава- доволно ако дојде до погодок да потоне брод од 20.000 тони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа