Српската пејачка си ја отвори душата: Ме запроси а на друга и направи дете

 

Романа Паниќ беше една од најпопуларните српски пејачки, а освен што ја стекна популарноста со песните, ја стекна и со турбулентниот љубовен живот во кој имаше многу подеми и падови.

Таа беше во врска со грчки адвокат, неколку пати се караа и смируваа, а на крајот ја запроси. Сепак, среќата не им траеше долго бидејќи тој остави бремена друга жена додека беа заедно.

- Ме запроси, а на друга и направи дете. Ми велеше да не знае никој дека сме пак заедно поради медиумите. МИ забрани да одам и во Грција, а потоа се појави друга жена, вели пејачката за српските медиуми.

Тој и направи дете на познатата српска водителка Јована Симиќ иако негираше дека се заедно.

Пејачката веќе не сака да изнесува детали за приватноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега