Пендаровски откри детали: Немам трикови за убавина, користам само хидратантна крема

 

Кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски, откри детали од приватноста за „Женски магазин". Зборува за бракот, изгледот и слободното време как ои тоа што го исполнува и прави среќен.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски признава дека многу ретко сам ги одбира парчињата облека и дека во најголем број случаи ги слуша советите на неговата сопруг, вели дека нема трикови за убавина и неговиот изглед се должи на хидратантни креми, а цигарите не му се порок, додека алкохол пие ретко за специјални пригоди. Се опушта со добра книга и спортува.

- Не сум моден фанатик, но се трудам да изгледам средено, пред сѐ заради моите работни ангажмани во изминатите години, вели Пендаровски и додава дека не е роб на брендовите.

За својата сопруга вели дека е сродна душа, комплетна личност и полна со разбирање, а се рамноправни во бракот.

 - Среќен сум кога гледам дека моите најблиски се среќни, а несреќен ме прави кога ќе видам дека за жал, многу луѓе не добиваат вистинска шанса во животот, вели тој.

Прочитајте се на Женски магазин

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега