За поранешното момче сакаше да се самоубие, сега се разведува - Славната пејачка нема среќа

 

Британската музичка ѕвезда Адел (30) се разведува од нејзиниот сопруг по седумгодишна врска, потврди нејзиниот ПР Бени Тарантини.

Адел и бизнисменот Сајмон Конецки беа заедно седум години, а се венчаа во 2016 година.

Пејачката роди син во 2012 година, а во соопштението за јавност се наведува дека двојката и по разводот „заедно ќе се грижат за синот со многу љубов”.

– И двајцата се посветени на заедничко подигање на својот син. Како и секогаш, тие бараат приватност – рече портпаролот, додавајќи дека Адел и нејзиниот сопруг нема да дадат никакви изјави за разводот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега