Кој сака да замине во странство за да заработи нека ги погледне овие бројки - во овие држави е најплатено

 

 

Многу граѓани од Балканот во потрага по подобар живот заминуваат во ЕУ да работат за поголеми дневници.

Според податоците на Еуростат, просечната стапка компензација на вработените во Европската унија, во поглед на заработката, платата и социјалните доприноси кои ги уплаќаат работодавачите, се движи од 44 евра во околината на Брисел и во Луксембруг, до под 4 евра во три региони во Бугарија.

Просечната сума на пари која се исплаќа за еден час работа во ЕУ во 2016 година била 22,8 евра.

Дневниците често се најголеми во регионот и престолнината на државата. Тука исклучоци се Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.

За еден час работење ќе земете различна сума на пари, а еве колку тоа изнесува во различни држави: 

Франција 32,8 евра

Грција 11,2 евра

Шведска 28,8 евра

Финска 30 евра

Португалија 11 евра

Унгарија 6,9 евра

Словачка 9,6 евра

Германија 31,3 евра

Австрија 29,3 евра

Италија 22,7 евра

Во Словенија изнесува 16,1 евро, во Хрватска 8,6 евра. Најголема просечна дневница има Данска со 38,9 евра и во Белгија каде еден час се плаќа 38 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега