Израел: Убивме припадник на Хамас на југот на Сирија

 

Израелската армија соопшти дека погодила припадник на палестинското радикално движење Хамас во регионот Мазраат Бејт Џин, на југот на Сирија, неколку дена по првите израелски воздушни напади во земјата по речиси еден месец.

Хамас засега не се огласил за нападот.

Во вторникот, Израел соопшти дека погодил оружје што ѝ припаѓа на сириската Влада, како одмазда за истрелувањето на две ракети кон Израел – прво дејствување по смената на власта. Израелскиот министер за одбрана Исраел Кац тогаш го повика сирискиот претседател Ахмед ал-Шара да сноси одговорност.

Дамаск одговори дека извештаите за гранатирање не се потврдени и повтори дека Сирија не претставува закана за ниту една регионална страна.

Одговорноста за гранатирањето ја презела слабо позната група што се нарекува „Бригада на мачениците на Мохамед Даиф“, алудирајќи на воениот лидер на Хамас, убиен во израелски напад во 2024 година.

Израел и Сирија неодамна започнаа директни разговори за намалување на тензиите, што се смета за значителен развој на односите меѓу двете земји кои со децении се на спротивни страни од блискоисточниот конфликт.

08.06.2025 - 14:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега