ФОТО: Веста дека се разведува одекна како бомба - Еве што прави Кајмакоски периодов
Деновиве како бомба одекна веста дека македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по три години брак се разведува од сопругата Кристина, вест која тој ја потврди за Бекстејџ.
- „Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.
Деновиве по веста дека се разведува, тој е на настапи во регионот.
- „Денот пред настапот обично го користиме да се одмориме, квалитетно да се нахранитме и да се дружиме, Ова е еден од таквите денови, а уште кога таков ден ќе поминете во Истра, тоа е комплетно“ пишува на фотографија на која е означен Даниел по настапите во Ниш и Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа