Верица оперирана на онкологија: Мајката на Марија Шерифовиќ во борба со тешка болест

 

Верица Шерифовиќна лечење во институтот за онкологија и радиологија во Белград.

Пејачката е оперирана од рак на дојка, а локалните медиуми објавија дека нејзината ќерка Марија не се одвојувала од неа.

„Верица минатата година за време на рутински прегледоткила промена на дојката.Докторите ја упатиле на додатни анализи и дијагностицирале рак.Веднаш е одведена кај најдобрите доктори, каде е откриен рак во прв стадиум и решено е да се оперира“ вели извор близок до пејачката.

Нагласуваат дека Марија ја посетувала секој ден и се грижела за неа.

„Марија доаѓаше секој ден, се грижеше некој да не ја вознемирува, и само најблиски пријатели и роднини можеа да ја посетат“ додал извор близок до семејството.

Резултатите после операцијата покажале дека Верица е добра, а откако го слушнала тоа Марија се вратила на своите настапи и ангажмани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега