Сите се прашуваат зошто синот на Меган и Хари се вика Арчи - мистеријата ја решава една реченица

 

Конечно се дозна името на синот на Меган Маркл и принцот Хари - целосно изненадување, а гласи Арчи Харисон Маунтбатен - Виндзор.

Ова е поприлично невообичаен избор и јавноста беше изненадена, бидејќи се очекуваше да изберат традиционално име. Најмногу се негодуваше дали бебето ќе се вика Артур или Алберт, но на крајот се појавило Арчи.

Ова име има германски корени и значи „многу храбар“, но иако на прв поглед делува дека нема врска со кралското семејство, вистината е поинаква.

Во јануари 2019 година британските медиуми објавиле дека тогаш 5-годишниот принц Џорџ при прошетка со својата баба Керол Мидлтон наишол на една жена која дала изјава за медиумите за средбата со малиот принц.

-Го шетав кучето, а тука имаше полиција која ме предупреди да не фотографирам никој од кралското семејство. Потоа Џорџ пријде и почна да го гали моето куче. Почнавме да разговараме, па го прашав како се вика, иако секако знам. Тој, на мое изненадување кажа дека се вика Арчи. Не знам зошто така кажа, но децата генерално сакаат да си измислуваат имиња, а мене тоа ми е слатко - рекла тогаш жената.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега