Беше златното момче на Холивуд, а денес никој не го препознава - има потресна причина за неговото повлекување
Познатиот холивудски актер Брендан Фрејзер во 90-те жареше и палеше во Холивуд, а публиката го засака во филмот „Џорџ од џунглата“ во кој жените ги освои со специфичниот шарм, автентичната појава и изјавајаното тело. Фрејзер популарност стекнал и во филмовите „Мумија“ и „Враќање на мумијата“, но денес ретко кој би го препознал. Тој во 2010 година се повлече од светот на Холивуд, а главно се појавуваше само во мали улоги или телевизиски серии. Тој во едно интервју ја открил причината за неговото повлекување од сцената. Имено, Фрејзер признал дека влијателниот новинар Филип Берк, тогашен претседател на ХЕПА (Hollywood Foreign Press Associationa) го допирал по задникот и злоупотребувал. Сепак неговите наводи биле целосно игнорирани, после што со години водел битка со депресија. -Со левата рака ме фати за задникот, а потоа почна да ме допира со прстот по интимните делови. Ми беше лошо. Се чувствував како мало дете. Чувствував како да имам кнедла во грлото. Мислев дека ќе заплачам - раскажал актерот, признавајќи дека тоа оставило трајни трауми на него. Тој подоцна имал низа здравствени проблеми, неколку пати бил на операција на кичмата, колената и гласните жици, а скоро 7 години постојано бил во болница. Денес изгледа непрепознатливо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа