Овие симптоми не ги занемарувајте - Тие се сигнал за најсмртоносната болест кај жените

 

Вчера се одбележа Светскиот ден на борба против ракот на јајниците, а оваа болест која ги напаѓа жените е навистина опасна, па дури и смртоносна.

Во светот на годишно ниво има 250.000 случаи во една година, а 140.000 жени ја загубиле битката со оваа тешка и опасна болест.

Многу е важно да се прават редовни прегледи на гинеколог, а симптомите за тешката болест се: Надуеност, оток на стомакот и дебелеење, чувство на ситос по првите залаци, често и нагло мокрење, болка додека имате сексуален однос и проблеми со олеснување.

Симптомите постојат и се јасни, но се мешаат и со други состојби, па затоа жените не помислуваат веднаш на овој проблем. За овие симптоми обратете се на лекар и редовно одете на гинеколог.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега