ФОТО: Улогата ја исцрпи - Погледнете ја Азизе на снимањето на „Далеку од дома"

 

Халит Ергенч и Бергузар Корел или Џевдет и Азизе од хит серијата на Сител, „Далеку од дома", добија бројни награди за улогите, но исто така истите целосно ги исцрпеа. 

Халит за оваа воена драма морал да пушти брада и сериозно да ја зајакне својата физичка подготвеност за улогата на Џевдет, додека убавата Бергурзал на почетокот не сакала да ја прифати улогата, но кога го прочитала сценариото се воодушевила од храброста на Азизе и сакала да ја глуми.

Парот за турските емдиуми изјавил дека некои сцени се снимале со часови, патувале многу и заборавиле на себе и приватниот живот.

За тоа говори и оваа фотографија која се најде на профилот на убавата Бергузар или Азизе која спие на столчиња за време на паузата.

Извор: Вистина

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега