Пејачката си ја отвори најголемата рана: Поради болеста не станав мајка
Убавата австралиска пејачка Кајли Миног искрено прозборе за својата болест, ракот на дојка и низ што се поминала.
Џебната Венера во 2005. година била на контрола и потоа и бил дијагностициран канцер на градата. Имала 36. години кога ја добила дијагнозата.
Таа тогаш не размислувала за деца, но болеста сменила се. Поради неа и целата терапија и процес, таа вели не може да има деца.
- Сега имам 50. години и поопуштена сум за некои нешта. Мора да прифатите кои сте и какви сте, вели таа.
Вели и покрај сите падови во љубовта не престанала да верува во неа.
09.05.2019 - 18:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа