Скриеното значење на името на новиот член на англиското кралско семејство

 

Откако Меган Маркл и принцот Хари открија дека нивното новороденче ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, фановите на британското кралско семејство и медиумите не престануваат да шпекулираат зошто одлуката падна токму на тоа име.

  Поточно, ако ја играме играта на зборови, средното име, Харисон, буквално значи "син на Хари“.

 Од друга страна, вистинското име на Меган е Рејчел Меган Маркл, а токму во тоа некои луѓе го бараат одговорот на прашањето зошто баш Арчи.   "Вистинско име наМеган е Рејчел, и Арчи е слична акроним на тоа име - така што го прави син на Рејчел и Хари", напиша еден корисник на профилот на Instagram на кралското семејство.

Колку одлуката на Војвотката од Сасекс и Принцот Хари да му го дадат на нивниот син тоа име ја интригира јавноста е фактот дека овој коментар на социјалните медиуми го објави и американскиот магазин Hello!

Инаку, името Арчи е скратена верзија на традиционалното шкотско имиња Арчибалд кое значи на "верен, силен и храбар."   Презимето на малиот Арчи е Маунтбатен-Виндзор, со што Хари му оддал почит на неговиот дедо, принцот Филип.

    Арчи има еден имењак во неговите предци, од семејната страна на принцезата Дијана. Станува збор за Арбибалд Кемпбел, кој ја носел титулата на деветтиот гроф од Аргил, од Шкотска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега