Рита Ора се врати во родното Косово и купи имот од 1.5 милиони фунти- погледнете како изгледа

 

Рита Ора е родена во Приштина, но со родителите се преселила во Велика Британија каде постинала огромен успех како пејачка.

Таа се врати во родното Косово за да купи недвижности во вредност од 1,5 милиони фунти за своите родители.

Досега пејачката неколку пати велеше дека баш нејзините родители се заслужни за се што таа има денес, па сакала некако да им се одолжи.

„Рита им е вечно благодарна на своите родители што и дале шанса за подобар живот.Побегнале од родното Косово за време на политичкитешка ситуација во земјата, а сега кога е славна сака да им се оддолжи на најдобар можен начин“ вели близок роднина на пејачката.

„Домот е таму каде што е срцето, на сопругата , мене и на децата ни е неизмерно важно што може да го посетиме родниот град“ рекол нејзиниот татко 

Пејачката исто така изјавила дека кога првпат заминале за Британија таа со својата сестра и брат и родителите живееле во една соба и едвај успевале да сложат крај со крај.

Нејзиниот татко некако успеал да заштеди и да отврои паб во кој Рита ги имала своите први настапи, додека нејзината мајка преку ден студирала за медицинска сестра а невечер работела како келнерка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега