Откриено зошто се самоубила медицинската сестра која се грижеше за Кејт Мидлтон

 

Со денови не се стишува возбудата поради доаѓањето на новото кралско бебе, малиот Арчи Харисон, синот на војводата и војвотката од Сасекс. И додека многумина со нетрпение ги исчекуваат новите информации за бебето на Меган Mаркл и принцот Хари, други се присетиле на инцидентот кој го обележа раѓањето на првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Приказната која ја пренесоа сите медиуми тогаш, ја вознемири јавноста.

Водителите на една австралиска радио станица одлучиле да се јават во болницата во која престојувала Кејт и да се претстават како членови на кралското семејство, што на крајот и им успеало. На телефон се јавила болничарката по име Џасинта Салдана која им поверувала па открила во каква состојба се наоаѓа Кејт, која во бременоста имала проблеми со мачнините. Медицинската сестра која се јавила поверувала дека зборува лично со кралицата Елизабета Втора и им ја открила состојбата на војвотката од Кембриџ.

 

Откако приказната излезе во јавноста, настана општ хаос, а медицинската сестра по неколку дена беше пронајдена мртва во станот во Лондон. Подоцна беше потврдено дека извршила самоубиство.

Многу странски медиуми пишуваат дека една од причините за да се одлучи медицинската сестра на самоубиствениот потег, бил притисокот како на медиумите, така и на кралското семејство.

Меѓутоа, медицинската сестра во прошталната порака за својата смрт ги обвинила двајцата австралиски радио водители, пренесоа медиумите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега