Пилот ја откри долго чуваната тајна: Поради ова за време на руските воени паради не врне дожд

 

Во Москва во четвртокот беше одржана воена парада по повод Денот на победата над фашизмот. На Црвениот плоштад учествувале повеќе од 13.000 војници и 132 единици на техника.

Сепак, поради лошите временски услови авијацијата не го надлетувала Црвениот плотад. Силен дожд не врнело. но тоа повторно ја започнало приказната за контролирање на времето.

Имено, еден руски пилот во 2010 година објаснил две различни методи со чија помош може да се „растера“ дождот. Главно станува збор за така наречено „запрашување“ на облаците. Токму Александар Акименов управувал со авион и тоа го правел со години.

-Или постои специјална машина која исфрла сребрен јодид, сув мраз или цемент во облаците, или се отвора отвор и тип со лопата рачно ги сече облаците. Штом материјалот допре до облаците се појавува дупка. Стануваат се поголеми и поголеми или започнува да врне веднаш или едноставно, ако облаците не се доволно густи, се расипуваат без врнежи - објаснил Акименков.

Руската влада овој метод го користи уште од советските времиња, па така ги праши облаците за сите битни случувања, дури три пати годишно - за Денот на победата, Денот на градот и Денот на Русија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега