„Чувај ги моите бебиња“ - раперот низ солзи зборуваше за последните денови на неговата сопруга

 

Музичарот Шон Диди Комбс минатата година после смртта на сопругата Ким Портер која го дочека неподготвен на 15. ноември 2018 година уште се обидува да го продолжи животот со ќерките и синот кој ги доби со неа во брак.

Ким починала од компликации предизвикани од пневмонија на 47 години. Нејзината изненадна смрт го потресла целото семејство минатата година.

Kim i Didi

Во пресрет на празникот Денот на мајките кој се одбележува на 12. мај Диди објавил видео во кое кажал дека неговото семејство се уште не закрепнало и дека ќе им треба уште многу време да се навикне дека Ким повеќе ја нема.

„Пред сето тоа бев татко со скратено работно време. Моето семејство секогаш беше на прво место. Но, многу пати ја ставав работата на прво место. И ја слушам секој ден како ми вели дека треба да поминувам време со децата и да се потрудам се да биде добро. Сега сум многу поприсутен и децата ми се најважни“, рекол во видеото Диди.

Kim i Didi

Пред да почине, според неговите зборови, имала грип и ги испратила децата кај татко им да не се разболат.

„Пафи, чувај ми ги бебињата. Тоа ми го кажа пред да почине“, низ солзи кажал Диди.

Kim sa ćerkama

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега