ФОТО: Понатаму нема да можеш - чувар на парк смисли како дилерите и наркоманите на стојат подалеку од децата
Чувар на парк во Берлин имал креативна идеја како дилерите на дрога да ги држи подалеку од родителите со деца, семејствата и луѓето кои џогираат во парк, но локалните власти не го прифатиле предлогот.
Џенгиз Демириси решил со розева боја да ги обележи линиите за движење кои ќе бидат забранети за дилерите на дрога во популарниот берлински парк.
Така сакал да ги држи подалеку од игралиштата наменети за деца и другите делови.
Меѓутоа, повеќе државни функционери ја осудиле ваквата идеја. Некои од нив навеле дека нивното спроведување би значело дека „дилерите имаат дозвола за работа“, додека другите истакнувале дека државата и градот сериозно се занимаваат со борбата против трговија со дрога насекаде, па и во овој парк.
Креативниот чувар не добил ниту поддршка од локалните медиуми кои навеле дека „дилерите и така не би се придржувале до неговите забранети линии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа