Посакувала машко, но докторите ѝ рекле дека чека женско бебе - ова била нејзината реакција по породувањето

 

Докторите ѝ дале погрешна прогноза, а таа и сопругот мислеле дека и ова дете ќе им биде девојче, како претходните две.

Ненси Реј од Северна Каролина имала две девојчиња и го очекувала своето трето дете.

Иако за првите две деца не го провериле полот, за третото го направила тоа и докторот ѝ кажал дека повторно ќе добијат девојче.

Нејзиниот сопруг се подготвувал психички дека целиот живот ќе биде опкружен само со жени, но на породувањето се случило изненадување.

Бебето всушност било момче, а реакцијата на Ненси е фотографирана..

Ненси му благодари на својот фотограф за овековечувањето на нејзините емоции и вели дека и таа и сопругот се шокирале кога виделе дека бебето всушност е машко и се среќни што по две девојчиња добиле момче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега