Почина хрватскиот пејач - сите ќе го паметиме по овој хит

 

Карло Јурчевиќ почина во сплитската болница во петокот, а како што е наведено причина за смртта е цироза на црниот дроб.

Во 90-те години се прослави со песната „Дај ми бино“ која ја сними со групата Дар Мар. Песната беше голем хит низ целиот регион. После распадот на групата, овој сплитски пејач започнал соло кариера, но набрзо ја напушти сцената поради смртта на неговата мајка и здравствените проблеми на сестра му.

Освен што се занимавал со пеење, бил и сопственик на едно кафуле во Сплит.

Веста за неговата смрт ја потврдила неговата пријателка, тамошна водителка и пејачка Џана Апостолски.

Карло пред две години бил во врска со Фани Чапалија, поранешна хрватска мисица, но таа врска не траела долго.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2019 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега