ФОТО: Соседите вознемирени повикале полиција, а кога се појавиле службениците затекнале тажна слика
Четворица полицајци станале херои откако во јавност протече информација и фотографија од тоа што го направиле за еден постар брачен пар.
Имено италијанската полиција добила пријава од соседите дека постар брачен пар плаче и вика во текот на ноќта, а кога полицијата се појавила на спорната адреса ги затекнале 84- годишниот Јоле и неговата 94- годишна сопруга Мишела, пишуват локалните медиуми.
Старците биле осамени, немале деца, а дополнително ги растажиле и депресивните вести од насловните страни во весниците, како и преселбата на нивните најблиски соседи.
Полицајците им направиле вечера, шпагети со пармезан и со нив ја поминале целата вечер за да ги расположат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа