Се најавува силно невреме во Македонија - Дали треба да исклучиме се кога грми

 

УХМР најавува дека деновиве ќе има силно невреме проследено со обилни врнежи до 50 литри, со ветер, грмотевици и можност за поплави.

 Познато е меѓу народот дека кога грми треба да изгаснеме се дома, за да не удри гром, но дали е тоа точно и што треба, а што не треба да исклучиме?

Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа?  Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.

Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми. И уште една многу важна работа, кога грми ако снема струја, никако не ги уклучувајте уредите веднаш кога ќе се врати. Почекајте неколку минути за да се стабилилизира, па уклучете ги апаратите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега