ВИДЕО: Не излегува од теретана цела бременост и во 9. месец ги покажа стомачните - доби само критики за ова
Бодибилдерка од Австралија на Инстаграм од недела во недела покажува фотографии од изгледот на својот труднички стомак, односно како нејзиното тело од месец во месец се менува.
Последната објава на Карина предизвика бурни реакции, со оглед на тоа дека има уште неколку денови ја дели од породувањето, а на нејзиниот стомак и понатаму се оцртуваат стомачните мускули.
Оваа 29-годишна девојкла открила дека не кренала раце од вежбањето ни во бременоста, иако признала дека во последно време морала сепак да го намали темпото, бидејќи стомакот ѝ е преголем.
View this post on Instagram
-Наскоро ќе биде се готово. Луѓето постојано ми велат дека морам да бидам подготвена да ја родам, но не сум, Сакам да остане овде и да биде голема и силна и да излезе како шеф. Ќе биде овде кога ќе дојде време. Постојано се движам, добро јадам и пијам многу вода. Тренингот изгледа повеќе како некое мрдање и различен е од ден во ден. Не можам да ви дадам препораки да ги следите, затоа што немам. Главно бебето да е на прво место и дижењето е здраво - напишала Кара во последната објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа