ВМА диета со која ќе ослабете до 10 килограми без да почувствувате - ова се правилата
ВМА режимот на исхрана е прилагоден дури и за оние со здравствени тегоби.
Овој режим на исхрана го препорачуваат лекари и претставува најдобар избор доколку сакате да го излекувате целулитот.
За разлика од другите нискокалорични режими, овде нема последични реакции како што се потешкотии со памтењето и одржување на концентрација, чувство на слабост, поспаност, претерана раздразливост и сл.
Резултатите се видливи веќе после неколку денови и се препорачува да се придржувате на сите правила. Тоа ќе ви овозможи побрз метаболизам и согорување на масти, со што оваа болничка диета спречува појава на јо-јо ефект.
ПРВ ДЕН
Појадок:
1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај (без засладувач).
Ручек:
1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 1 двопек, 1 портокал. Наместо павлака можете да јадете кисело млеко или јогурт.
Вечера:
1 до 2 двопек, 2 варени јајца, 1 домат и 1 краставица.
ВТОР ДЕН
Појадок:
1 портокал, 1 двопек, шолја кафе или чај (без засладувач)
Ручек:
1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 2 парчиња двопек, 1 портокал.
Вечера:
1 двопек, 125 г мелено јунешко месо испржено или издинстано со многу малку масло. Еден домат и еден портокал.
ТРЕТ ДЕН
Појадок:
1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај (без засладувач).
Ручек:
1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (или кисело млеко), 1 свежа краставица, 1 портокал.
Вечера:
1 двопек, 125 г мелено јунешко месо испржено или динстано на многу малку масло. Шолја кафе или чај без шеќер и 1 портокал.
ЧЕТВРТ ДЕН
Појадокот е ист, значи изедете прво еден портокал, 1 двопек и на крај испијте една шолја кафе или чај без засладувач. Доколку сте се заситиле со двопекот, а сакате некое друго печиво, слободно можете да го замените со 4 крекери, но обратете внимание да не бидат солени.
Ручек:
1 парче двопек, 125 г младо кравјо сирење и 1 домат.
Вечера:
2 парчиња двопек (или 8 крекери), 125 г мелено месо и 2 свежи домати.
ПЕТТИ ДЕН
Појадок:
1 портокал, 1 двопек, шолја кафе или чај без засладувач.
Ручек:
200 г варено јунешко месо без сол, како зачин можете да користите малку соја сос, едно парче двопек и 1 свеж домат.
Вечера:
1 тврдо варено јајце и 500 г варен зеленчук.
После петииот ден се враќате на првиот и така се до петнаесеттиот. Доколу сакате да изгубите уште телесна маса, можете да продолжите до осумнаесеттиот ден.
После тоа, ќе бидете полесни дури и за 15 килограми, а притоа ќе се чувствувате феноменално и витално.
Еднодневна диета со ВМА за одржување на телесната тежина
За да бидете сигурни дека килограмите кои тукушто сте ги изгубиле после целиот циклус – повеќе нема да се вратат, би било најдобро еднаш седмично да ја држите оваа мини-диета:
За појадок: испијте 200 мл сок од лимон или цитрон, секако без шеќер ниту вештачки засладувач.
Ручек: се состои од 1 парче двопек или некое печиво од интегрално брашно и 1 свежо јаболко.
Вечера: лесна (1 тврдо варено јајце, 1 свеж домат и 1 двопек или 4 несолени крекери).
Ако успешно дојдовте до крајот на диетата, внесот на калориите треба постепено да го зголемувате до оптималното ниво. Исхраната нормализирајте ја полека, без претерувања и прејадувања, за да го избегнете т.н. калориски шок и нагло дебелеење.
ВМА диетата за слабеење е најдобриот избор доколку сакате брзо и ефиласно да се ослободите од целулитот. Можат сите да ја применуваат, а особено дијабетичари, лица кои имаат проблем со штитната жлезда и оние кои имаат срцеви тегоби.
За релативно краток временски период ќе се ослободите од вишокот килограми и своето тело ќе го доведете до саканата цел. Што е најважно, благодарение на успешните резултати, ВМА диетата за слабеење не мора да се повторува најмалку една година после нејзината примена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа