Воена снимка потврдува дека вонземјани постојат- Војската на САД вели „Не сме сами на планетава“

 

Во ноември 2004 година борбена група на американски ловци УСС имала радарска средба со НЛО.Во декември 2017 објавени се инфраацрвени снимки, но Вашингтон Пост тогаш напиша дека видеото е објавено до Луис Елизонд со намера да расветли тајна операција на Министерството за одбрана.

Војската никогаш до сега не признала дека програмата постои, но „Љујорк Тајмс“ успеа да дојде до видео материјал, а ги контактираше и самите учесници на целата операција и сопрниот програм.

Програмата е укината во 2012 госина, а луѓето кои работеле на неа се преместени во друг сектор, а анализата за сите податоци на НЛО се уште трае.

Една снимка покажува двајца пилоти кои полетале поради необично летало со големина на патнички авион.

„Ова не е дрон“ се слуша како вели еден од пилотите„Ма има цела ескадрила, погледни, боже мој, идат во правец на ветрот, 120 милји на час...погледни се сврте..“ се слуша на снимката.

Американската морнарица за магазинот „Политико“ потврди дека имало повеќе известувања на неовластени и неидентификувани летала кои во последните неколку години влегуваат во нашиот воздушен простот, соопштиле тие.

Поранешен службеник на Пентагон вели дека леталото на снимката им пркосело на законите за аеродинамика, очигледно немало форма на погон, всушност маневрирала на начин на кој тој смета дека е далеку од Г- силите кое би можело човечкото тело да го издржи.

Еден од пилотите пак, кој е пензиониран капетан, за СНН рекол дека леталото изгледало како огромно пакување од бомбоните тик- так.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега